Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски: Очекувам во мојот втор мандат да станеме земја членка на ЕУ

1709104615 pendarovski.webp.webp

Актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски денеска ја најави кандидатурата за втор претседателски мандат. 

Според Пендаровски првата и главна причина што се одлучил за таков чекор е што  зад себе имал мандат без ниту една направена стратешка грешка, без ниту една корупциона афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со него, неговото семејство, роднини, пријатели или најблиски соработници. 

Пендаровски потсети дека во неговиот прв мандат државата станала членка на НАТО и очекува дека во вториот мандат, државата ќе стане земја членка на ЕУ.

„Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство на Македонија во НАТО и во мојот прв мандат станавме членки на Алијансата. Очекувам во мојот втор мандат да станеме членки на ЕУ“ порача Пендаровски.

Можете да прочитате

Левица: На ДПМНЕ и Мицкоски им порачуваме да не се бламираат – Левица има кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, ДПМНЕ коленичи пред ВРЕДИ

Прометот од продажбата на услугите зголемен за 3.5 % во второто тримесечје

Утре почнува увидот за пожарот во Трубарево – Обвинителството најави истрага за причините на пожарот