Утрински Весник
Свет

Војник во Германија уби четири лица, меѓу кои и едно дете

Germanska policija.jpg

Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и обвинителството. Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург. Според полициските извештаи, во нападот биле убиени поранешната девојка на осомничениот, нејзиното дете, партнерот на девојката и неговата мајка. Полицијата соопшти дека приватен проблем „не може да се исклучи“ како мотив за злосторството. Полицијата во неговиот автомобил пронашла и молотов коктел, како и оружје и муниција. Осомничениот сторител се предал по нападот синоќа и бил уапсен, соопштија истражителите. Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови