Утрински Весник
Македонија

Ковачевски во работна посета на Рим, Италија

Pretsedatel Kovachevski 4.jpeg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,  Димитар Ковачевски е во работна посета на Рим, Италија каде на покана од претседателот на ПЕС, Стефен Ловен, ќе присуствува и ќе се обрати на Изборниот конгрес на ПЕС 2024, заедно со останатите лидери присутни на конгресот. Годинешниот изборен конгрес на ПЕС се одржува под мотото „Европа што ја сакаме: социјална, демократска, одржлива“ а претседателот Ковачевски ќе се обрати на сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“.

Во рамки на посетата, планирано е претседателот Ковачевски да оствари и повеќе средби меѓу кои и со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, шпанскиот премиер, Педро Санчез како и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

При посетата на Рим, претседателот Ковачевски ќе се сретне и со претставници од македонската дијаспора во Италија.

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија