Една навидувам обична посета на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски предизвика незадоволство во дел од единиците на полицијата.
За време на посетата на Тошковски на полицискиот центар Ѓорче Петров, една од фотографиите објавена на профилот на Тошковски привлече. Имено, станува збор каде маркираниот полицаец (кој глуми апсено лице) е облечен во маица на специјалната единица „Тигар“.
Со тоа се доби впечаток дека Интервентната полиција (наследници на единицата Алфа) апси припадници на најелитната полициска единица.
За овоја настан со писмена реакција се јавија и од единицата Тигар.
„Припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица – Тигар се чувствуваат навредени и зразуваат револт за постапката на Единицата за интервентна полиција која на 28.02.2024 година при изведување на показна вежба презентираше лушување на лице од слободе кое беше облечено во маица идентитчна со маиците кои порано ги носеа припадниците на САЕ-Тигар“ се вели во известувањето на САЕ-Тигар.
Тие се револтирани што фотографиите од ваквото апсење и видеото од вежбата се објавени преку официјалните канали на Министерството за внатрешни работи.
„Од своето формирање до денес единицата застануваше на браникот на одбраната на нашата држава кога тоа беше најпотребни, при што 7 припадници загинаа, а голем број беа ранети носејќи го амблемот на единицата со глава од тигар како заштитен знак“ се вели во известувањето.