Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, слаби врнежи од снег има на Попова Шапка

Uploads Thumbs Resize 800x420 625377.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ потсетуваат дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба трае до 15.03.2024 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор