Пожарот „Смоукхаус крик” во Тексас и официјално стана најголемиот пожар во историјата на таа американска држава, бидејќи зафаќа повеќе од еден милион хектари, соопшти денеска шумската служба на Тексас.
Пожарникарите досега успеале да локализираат само три отсто од пожарот, јавува американската телевизија НБЦ.
Досега едно лице загина во пожарот, 83-годишна жена од градот Стинет, која беше пронајдена мртва во својата куќа.
Голем број луѓе се евакуирани, а многумина останаа без напојување со електрична енергија.
Поради неповолните временски услови, локалните власти беа принудени привремено да го затворат капацитетот за нуклеарно оружје, но тој повторно беше отворен рано денеска.
Претходниот најголем пожар во Тексас беше забележан во 2006 година и зафати повеќе од 900.000 хектари.
Во тој пожар загинаа 13 лица.