Поделениот и хаотичен американски Конгрес ќе се обиде денеска во последен момент да избегне делумно затворање на владата, помалку од 48 часа пред истекот на финансирањето на некои федерални агенции.
Претставничкиот дом под контрола на републиканците ќе гласа попладнево за краткорочна мерка со која ќе се продолжи финансирањето кое истекува во петок во 5 часот наутро за една недела. Потоа треба да биде усвоен од Сенатот, во кој доминираат демократите.
Но, мерката може да наиде на проблеми на патот низ двата дома, бидејќи некои тврдокорни републиканци би можеле да бараат промени во замена за нивните гласови.
Тоа краткорочно решение ќе им даде време на Претставничкиот дом и на Сенатот да усвојат закон за финансирање на владата.
Поминаа два месеци откако претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, се договорија за овогодинешниот буџет од 1,59 трилиони долари.
Водечките светски рејтинг агенции предупредија дека истата тензија околу буџетот негативно ќе се одрази на кредитниот рејтинг на земјата чиј долг надмина 34 милијарди долари.