Владимир Путин го почна своето годишно обраќање за состојбата на нацијата пред Федералното собрание на Русија. Кремљ не ги објави клучните теми за кои ќе се разговара, но обраќањето вообичаено ги опфаќа економијата, внатрешните и надворешните прашања.
На почетокот на својот говор Путин се осврна на руските краткорочни планови и аспирациите на рускиот народ. Тој ја поздрави огромната поддршка на населението за, како што ја нарекува, специјалната воена операција во Украина. Тој ги пофали хероите на првите борбени линии и во рововите, кои страдаат, но имаат поддршка од целата земја.
Тој ги критикува, како што ги гледа, колонијалните тенденции на Западот за кои вели дека се наменети да ја уништат Русија. Рускиот лидер вели дека САД се апсолутно решени да создадат поделба. Тој тврди дека Русија се бори за својата слобода и независност. Потоа повика на едноминутно молчење за паднатите херои.
Рускиот претседател најави дека денешниот говор ќе претставува поглед во иднината. Тој потврди дека има прашања што треба да се решат за развојот на Русија. Тој рече дека разговарал со Русите во целата земја, вклучително и наставници, доброволци и војници.
Без конкретно да ја спомене Украина, Путин зборуваше за поддршка на браќата и сестрите и нивната желба да бидат со Русија. Тој ги нарекува жителите на Донбас и Севастопол херои и вели дека нивното востание е прашање на гордост.
Путин истакнува дека Русија покажува целосна одговорност во однос на употребата на нуклеарно оружје. Тоа се однесува на обвинувањата на САД дека Русија лансирала нуклеарно оружје за уништување сателити во вселената.
„Ова е само лага за да изгледаме лошо. И тука мора да запомните дека во последните 15 години предлагаме да се ограничи употребата на нуклеарното оружје. Имаме секаква можна основа да тврдиме дека целото прашање на нашата потрага по стратешката хегемонија не е ништо друго, освен преправање“, рече тој.
Тој забележа дека САД преговараат со Русија само за да ги остварат сопствените интереси.
Западна Русија мора да биде соодветно заштитена по проширувањето на НАТО во Шведска и Финска, вели Владимир Путин. Тој додава дека силите на НАТО подготвуваат напад на руска територија користејќи ги најефикасните сили за ова.
Тој рече дека судбината на која било земја што ќе ја нападне Русија ќе биде многу потрагична од сè што се соочила земјата претходно. „Тие мора да разберат дека и ние имаме оружје, оружје што може да ги порази на нивна територија“, рече Путин додавајќи дека таквиот потег може да охрабри употреба на нуклеарно оружје.
„Зарем тие не го разбираат тоа?“ ,праша Путин. Тој ги обвини западните земји дека мислат оти се врховни.
„Русофобијата ги заслепува луѓето и ги лишува од нивните рационални способности. Без Русија, нема цврст мир во светот“, рече тој пред Федералното собрание.