Утрински Весник
Македонија

Дефинитивно се брише графата „националност“ од изводот на матичната книга на родените, венчаните и умрените

Ustaven Sud.webp.webp

Уставниот суд го укина делот „националност” во три члена од матичната книга на родените, на венчаните и на умрените. Судот оцени дека барањето на овој податок од граѓаните при впишувањето во матичните книги е во спротивност со темелната вредност на слободно изразување на национална припадност предвидена со Уставот.

– Овој член од Уставот вклучува не само право на поединецот слободно да одлучи да се изјасни за сопствената националност, туку и право да не се изјасни по ова прашање вклучително и да ја промени декларираната националност, што не беше возможно со одредбите кои денеска се укинати, изјави Христина Беловска, портпаролка на Уставниот суд, во изјава за медиуми по денешната седница.

Дополни дека Уставниот суд ја донел одлуката поаѓајќи од фактот дека станува збор за приватно и внатрешно чувство на човекот и никој не може да биде принуден тоа чувство да го манифестира во јавноста и уште повеќе да биде предмет на задолжително институционално администрирање во јавни исправи, со оглед дека Уставот преку член 18 ја гарантира тајноста и сигурноста на личните податоци на граѓаните.

– Дополнително, преку членот 25 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста, неговиот семеен и личен живот, на достоинството и на угледот, рече таа.

Со оглед на денешната одлука, посочи Беловска, повеќе не постои правен основ во матичните книги за родени, венчани и умрени да се бара податок за националноста.

Таа потенцираше дека не станува збор за истиот предмет со кој беше поништено Упатството за водење на матични книги.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме