Утрински Весник
Свет

Најмалку 31 лице загина во автобуска несреќа во Мали

20240228073758 Big 730x400 16.webp.webp

Најмалку 31 лице загина во автобуска несреќа во западниот дел на Мали во близина на градот Кениеба, соопшти Министерството за транспорт.

Несреќата се случила кога автобус на пат кон Буркина Фасо паднал од мост во реката. „Веројатна причина за несреќата е губење на контролата над возилото од страна на возачот“, се наведува во соопштението.

Меѓу жртвите има државјани на Мали и други земји од западноафриканскиот подрегион.

Сообраќајните несреќи се чести во Западна Африка, каде што јавниот транспорт е често пренатрупан и слабо регулиран.

Според податоците на ОН за 2023 година, од сите сообраќајни жртви во светот, околу една четвртина загинале во Африка, на која отпаѓаат само два отсто од сите возила во светот.

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија