Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд треба да донесе одлука за „националност“ во Законот за матичната евиденција

Ustaven Sud.webp.webp

Уставниот суд денеска ќе ја одржи осмата седница на која треба да бидат разгледани две иницијативи за оценување на уставност и законитост и два предлога за одлучување со нацрт-одлуки. Уставните судии треба да донесат одлука за предметот во кој е оспорен делот „националност” во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на судот.

За овој предмет веќе е исцрпена дискусијата, и предвидено е гласање. Подносител на иницијативата е политичка партија Левица. Оспорен е член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“ од Законот за матичната евиденција.

Уставниот суд на 20 декември 2023 година, поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за матичната евиденција бидејќи основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот. Според Судот, изјаснувањето за националната припадност, не е должност, туку можност (незадолжителен податок) со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, за што Судот изрази сомнеж за согласноста на оспорените делови содржани во одредбите на Законот со член 8 став 1 алинеја 2 од Уставот за слободното изразување на националната припадност како темелна вредност на уставниот поредок што го вклучува правото на лицето да ја изрази, но и да не ја изрази националната припадност. Исто така, оспорените делови на одредбите од Законот за матичната евиденција, за изјаснување на граѓаните за сопствената национална идентификација, без можност за избор да се изјаснат или не, но и да го променат изјаснувањето, неспорно навлегува и во сферата на човековата приватност и личен живот, со што и од овој аспект Судот изрази сомнеж за согласноста на оспорените делови од законските одредби со член 25 од Уставот, се наведува во образложението од Уставниот суд.

Можете да прочитате

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски