Утрински Весник
Свет

Трамп победи на прелиминарните републикански избори во Мичиген

1707475251 unnamed file.webp.webp

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на републиканските претседателски прелиминарни избори во државата Мичиген, јавија американските телевизиски канали Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си врз основа на нивни прогнози.

Ривалката на Трамп, Ники Хејли, претрпе пораз. Тие имаа 30 процентни поени разлика откако беа преброени околу 10 отсто од гласовите.

Трамп и Хејли водеа уште еден дуел за номинација на нивната партија во државата на Средниот Запад со население од околу 10 милиони пред претседателските избори во ноември.

Секој што сака да стане претседателски кандидат во САД мора прво да победи на внатрепартиските прелиминарни избори. Кандидатите потоа официјално се избираат на партиските конвенции во лето. Конвенцијата за номинација на републиканците се одржува во средината на јули, потсетува ДПА.

Хејли (52), која се смета за малку поумерена политички и реторички од нејзиниот ривал, веќе загуби од Трамп на прелиминарните избори во Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина.

Таа практично повеќе не се смета дека има шанси да го победи Трамп (77) во трката за републиканската номинација кој има силна поддршка меѓу партиската база.

И американскиот претседател Џо Бајден очекувано победи и на прелиминарните избори на Демократската партија во Мичиген, според прогнозите на американските медиуми. Демократот нема сериозна конкуренција во својата партија во трката за кандидатурата.

Можете да прочитате

Голема акција во Израел: планира да врати 150.000 свои државјани во земјата

Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Судир на два танкера во Ормускиот теснец: Оган и чад се гледаат на километри оддалеченост