Утрински Весник
Свет

Германскиот синдикат ги повика вработените во Луфтханза на штрајк поради ниските плати

LUFTHANSA 1 OK.jpg

Германскиот синдикат Верди денеска ги повика вработените во „Луфтханза“ на тридневен штрајк низ целата земја, затоа што авиокомпанијата одбива да ги зголеми платите на работниците.

Штрајкот треба да се организира од среда, 28 февруари, до петок, 1 март.

Претставниците на Луфтханза се уште не коментираат ништо во врска со ова. Синдикатот соопшти дека вработените во подружниците, како што е инженерството на Луфтханза, како и авијацијата и техничката обука, биле повикани да учествуваат во штрајкот.

Штрајкот е распишан откако компанијата при преговорите со синдикатот не понудила промена на платите. Луфтханза во неделата соопшти дека сака брз договор за платите со синдикатите за да спречи понатамошни штрајкови.

Верди претходно побара од авиокомпанијата да ја подобри својата понуда пред да одлучи дали ќе учествува во новата рунда преговори.

Можете да прочитате

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата