Утрински Весник
Македонија

Се надевам дека одлуките на граѓаните на изборите ќе ја доближат земјата до целосна интеграција во ЕУ, порачува Агелер

1707376343 Unnamed File.webp.webp

Изборите се предизвик за секоја земја, тие претставуваат можност гласачите да им покажат на кандидатите и на раководството на идната влада – која и да биде – како сакаат да изгледа иднината на оваа земја, вели амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, во изјава за порталот Пресонлајн.ал.

Таа нагласува дека владините институции треба да воспостават процеси за слободни и фер избори за претседателските и парламентарните избори.

„Гласачите мора да се едуцираат за прашањата преку веродостојни извори на информации, препознавање и отфрлање на дезинформации и манипулации. А потоа, најважно, гласачите мора да гласаат! Демократијата функционира кога сите ние го правиме својот дел“потенцира Агелер.

Моите очекувања за изборите, додава таа, се исти како оние на гласачите во Северна Македонија, дека целиот процес, од периодот на кампањата, до формирањето на идната влада се одвива на транспарентен начин што обезбедува слободни и фер избори.

„Кога би можела да дадам една препорака до кандидатите од целиот политички спектар, тоа би било да запомнат дека овие и сите избори се за граѓаните на оваа земја. Тие се за иднината на која оваа земја и нејзините граѓани се надеваат и ја заслужуваат. Затоа се надевам дека дискурсот на кампањата ќе се фокусира на проблемите, а не на лични напади, бидејќи верувам дека луѓето се уморни од негативноста. И тогаш гласачите ќе можат да направат избор меѓу оние кандидати за кои веруваат дека најдобро ќе им помогнат да ги остварат своите надежи и соништа за себе, за нивните деца и за нивното општество. И навистина се надевам дека овие одлуки ќе ја доближат оваа земја до целосна интеграција во Европската Унија“,вели Агелер за Пресонлајн.ал.

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година