Утрински Весник
Македонија

(Видео) Елена Чемерска: Пендаровски помогна во реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, неговата посветеност треба да послужи како пример

Portret 1.jpg

Талентираната македонска визуелна уметница и истражувачка Елена Чемерска денеска сподели дека актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски и неговиот тим помогнале во реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани.

Таа во видео објавено на социјалните мрежи порачува дека со посветеноста којашто ја покажале треба да послужат како пример и да постават стандард за понатамошни слични акции.

„Се викам Елена Чемерска, визуелна уметница сум и изминативе шест години ги посветив на еден голем уметничко истражувачки документарен проект кој се вика „Татковина – споменик на слободата“, и кој беше посветен првично на значинската ревитализација, а потоа и на физичката реставрација на Споменикот на слободата во Кочани. Инаку, еден од најмаркантните примери на македонската модерна пластика изграден во чест на Светската антифашистичка борба и оформувањето на македонската држава. Поддршката на претседателот Пендаровски и неговиот тим во добивање на финансиска, институционална помош за имплементација на особено втората фаза од проектот којшто вклучуваше физичка реставрација на самиот споменик беше од суштинско значење. Мислам дека чувствителноста и посветеноста коишто претседателот Пендаровски и неговиот тим ја покажаа во оваа ситуација треба да послужат како пример и да постават стандард за понатамошни слични акции“, вели Чемерска.

Елена Чемерска е уште една од јавните личности што отворено дава поддршка кон актуелниот претседател Стево Пендаровски за втор мандат. Изминативе денови поддршка дадоа и универзитетски професори, актерки, пејачки, граѓански активисти.

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал