Утрински Весник
Балкан

Зеленски вечерва пристигнува во Тирана, безбедносните мерки подигнати на високо ниво

Ze.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва треба да пристигне во Албанија, каде утре се одржува самитот Украина-Југоисточна Европа, а Тирана од денеска е под силни безбедносни мерки, пишуваат албанските медиуми.

Како што јави „Воксњуз“, во безбедносните мерки ќе бидат ангажирани околу 1.600 полицајци, вклучително и интервентни тимови и антитерористичката служба, додека уште 400 припадници на гардата ќе бидат на готовност, а антиексплозивни групи ќе ја следат ситуацијата.

Се очекува Зеленски да има повеќе билатерални средби во Тирана, меѓу кои и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот Бајрам Бегај.

По самитот на Украина и Југоисточна Европа, на кој ќе учествуваат и претставници на балканската шесторка, во четврток ќе се одржи самитот на Западен Балкан на кој ќе се разговара за Планот за раст на тој регион.

Се очекува и доаѓањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Можете да прочитате

Србија со најнизок мигрантски притисок од 2015 година

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција

Рама го посети поранешниот претседател на Косово во притвор