Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти

Lisici2.webp.webp

На 26.02.2024 во 21.15 часот на улица „Димко Најдов” во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Е.(34) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”. Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив