Утрински Весник
Скопје

Герила акција во Скопје, Озбек Ајваз преку скулптура ја претстави бактеријата „Ешерихија коли“

20240227093750 Big 730x400 67.webp.webp

Младиот уметник Озбек Ајваз во утринските часови во Градскиот парк, кај фонтаната „Лотосов цвет“,  имаше уште една од повеќето предвидени герили акции.

Овој пат тој преку скулптура визуелно ја претстави бактеријата „Ешерихија коли“.

– Проширувањето на бактеријата „Ешерихија коли“ поради недостиг на јавни тоалети во Скопје, како метропола на оваа држава, претставува сериозна здравствена опасност, соопшти Озбек Ајваз.

„Ешерихија коли“ е патогена бактерија која се наоѓа во долниот дел на  човековиот дигестивен тракт и не смее да дојде во горниот дигестивен тракт (желудник, хранопровод, тенки црева)  бидејќи во тој случај таа може да предизвика сериозни гастроинтестинални инфекции кај луѓето.

Ајваз смета дека со недостиг на јавни тоалети, граѓаните се ставени во неудобни ситуации бидејќи не можат да одржат адекватна хигиена, што зголемува ризик од заболувања што се пренесуваат преку контакт, како што е  наведената бактерија.

-За да се намали овој ризик и да се обезбеди подобра хигиена и здравје за граѓаните, неопходно е да се инвестира во изградба и одржување на доволен број на јавни тоалети ширум градот.

Освен тоа, потребни се и  стратегии за подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на хигиената и користењето на јавните тоалети, наведува Ајваз.

Можете да прочитате

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост

Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски