Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Не е точно дека не е поднесена кривична пријава за тешка кражба против сторителите, Тошковски да се воздржи од политиканство

219000d0 1a0a 481e 9912 Dd8d8edc5959 Scaled.jpg

Откако техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски на социјалните мрежи објави случај за одземено оружје, во кое се вмешани високи полициски службеници, со свој став за 24инфо.мк излезе и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Според него, Тошковски во својата објава изнесува невистини.

„За случајот со објавениот пост на неговиот Фејсбук профил, во врска со извршената тешка кражба во која е одземена една малокалибарска пушка за спортско стрелаштво, па како што наведува низа лаги и невистини меѓу кои и дека не е поднесена прекршочна пријава против имателот на пушката, ниту кривична пријава против сторителот на кривичното дело, сакам да ја информирам јавноста за следново: Наводите се крајно неточни и измислени од една едноставна причина што против имателот на пушката од страна на СВР Скопје е поднесена соодветна пријава, а исто така и против сторителот на кривичното дело. Токму врз основа на поднесената пријава против сторителот од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор“ вели Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик министер го повика Тошковски да се воздржи од шпекулации.

„Апелирам до министерот Тошковски дека е потребно да се воздржи од шпекулации, водење политиканство и обиди за собирање ситни политичкиу поени. Напротив, го повикувам да ги ихрабри и поддржи полициските службеници кои работеа на расветлување на овој кривично правен настан и за само неколку часа успеаја да го откријат сторителот и да ги пронјадат одземените предмети од извршената тешка кражба„ порача Бојмацалиев за 24инфо.мк

Можете да прочитате

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД