Утрински Весник
Балкан

Забраната за употреба на српскиот динар во Косово, главна тема на утрешниот дијалог Белград-Приштина во Брисел

Picture 1381 660x500 1.jpg
Dik 300x250 mk

Портпаролката на Европската Унија, Набила Масрали, денеска, изјави дека и Белград и Приштина го потврдиле учеството на утрешната рунда од дијалогот за нормализација на односите. Фокус на утрешната средба во Брисел која е најавена дека ќе се се одржи претпладнето ќе биде ставен на изнаоѓање решенија за отворените прашања, најави денеска портпаролката за Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Масрали. Според неа, главна тема на утрешниот дијалог ќе биде неодамнешната одлука на косовската Централна банка за забрана за користење на други валути во Косово, освен еврото. ЕУ оцени дека ќе беше посоодветно пред да биде донесена за оваа одлука да се разговараше во рамки на дијалогот Белград-Приштина за да се најде практично решение и побара воведување преоден период за стапување во сила на мерката.  

Можете да прочитате

САД ги укинаа санкциите за Додик

Во Босна и Херцеговина се апсат полицајци поради сексуална злоупотреба на деца

Зграда се урна во Турција, неколку лица заробени под урнатините