Утрински Весник
Свет

Размената на затовреникот Навални за платен убиец не се реализира оти Путин одлучил поинаку

Navalni Zatvor 46576.jpg

Се планираше Алексеј Навални, затвореник во Русија, да биде заменет со платен убиец Вадим Красиков, кој издржува доживотна затворска казна во Германија, но рускиот претседател Владимир Путин одлучи поинаку, изјави Марија Певчич, претседател на Фондацијата за борба против корупцијата. Оваа фондација е основана од Навални. Според неа, по целосната инвазија на Украина „стана очигледно дека Навални по секоја цена мора да биде изваден од затвор“, по што неговите поддржувачи решиле да ја организираат неговата размена за еден од руските шпиони затворени на Запад. Како што рече Певчич, ваквата размена може да се изврши за неколку месеци доколку има политичка волја, но „американските и германските функционери кимнаа со главите со разбирање, но не направија ништо“. Со посредство на „познатите политичари“ и „најбогатите луѓе на планетата“, рече Певчик, соработниците на Навални прво успеаја да добијат одобрение за планот за размена во пролетта 2023 година, но потоа сето тоа се распадна на крајот. До декември, планот беше повторно одобрен. Според Певчич, предлогот за размена на Навални на Владимир Путин му го дал бизнисменот Роман Абрамович. Според нејзините зборови, пренесени од Медуза, на 15 февруари добила информација дека преговорите за размена на Навални за Красиков „се во завршна фаза“. „Ви ја кажувам оваа приказна за сега да имате одговор на прашањето зошто е убиен Навални. На Путин му беше јасно: единствениот начин да се добие Красиков е да го замени со Навални“, рече таа.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме