Познатиот етномузиколог и новинар Бранка Костиќ-Марковиќ, денеска преку видео обраќање ја изрази својата поддршка кон актуелниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски за кандидатура за втор мандат.
Во своето излагање, Костиќ потенцира дека ѝ е чест што овие години од неговиот мандат немаме кардинални киксови кога ја претставува државата на патувањата и дека тоа е една одмереност, префинетост, застапеност и промоција на сите граѓани и култури коишто коегзистираат во ова општество.
„Не случајно застанав пред муралот овде на Александар Џамбазов, затоа што јас сум сѐ уште под импресии на промоцијата на мојата книга којашто ја направивме заедно со колегата Марко Половски кога претседателот Пендаровски како граѓанин посака да дојде со својата сопруга, да присуствува овде. Мене ми е чест што овие години од неговиот мандат немаме кардинални киксови, во смисла кога ја претставува државата на патувањата. Тоа е една одмереност, префинетост, застапеност на сите граѓани, промоција на сите граѓани, на сите култури коишто коегзистираат во ова општество. Првпат доживеав да видам дека претседател доаѓа 5 минути порано на настанот, го следи целиот настан со внимание, застанува со секого да разговара, пристапен е секому“, вели Костиќ.
Костиќ посочува и дека Пендаровски со искуството и стручноста што ги има може само да ја унапреди нашата земја.
„Мислам дека господинот Пендаровски со искуството што го има во поранешните кабинети на претседателите, таа негова стручност, реализирана личност, дека и со ова искуство од овој мандат може само да ја унапреди нашата земја. Му посакувам и натаму да биде непосреден со сите луѓе, да ги слуша потребите на граѓаните и да направи да се чувствуваме сите горди што сме дел од оваа историја и оваа земја“, вели Костиќ.