Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека од почетокот на рускиот напад врз земјаta пред две години загинале 31.000 украински војници, што е прва официјална бројка по повеќе од една година.
Зеленски на прес-конференција во Киев рече дека не може да го открие бројот на ранетите бидејќи тоа „ќе му помогне на руското воено планирање“.
„Во оваа војна загинаа 31.000 украински војници. Не 300.000, не 150.000… Путин лаже… Но, сепак, ова е голема загуба за нас“, истакна тој.
Украина не објави податоци за своите воени загуби од крајот на 2022 година, кога помошникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, рече дека 13.000 украински војници биле убиени од почетокот на офанзивата на 24 февруари, објавиja агенцииите.
Зеленски рече дека победата на Украина во војната против руските сили зависи од поддршката на Западот. Тој рече дека има „позитивно“ чувство за можноста сојузниците и партнерите на Киев да ја снабдуваат Украина со ракети со долг дострел.