Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Ќе се кандидирам на претседателските избори во 2025 година

Lukasenko.jpg

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, најави дека ќе се кандидира за функцијата на следните претседателски избори во 2025 година.

По гласањето на парламентарните и локалните избори за совети, Лукашенко им порача на новинарите да и пренесат на опозицијата дека ќе се кандидира, додавајќи дека противниците на владата нема да можат да спроведат ниту една од опциите за нејзино соборување.

– Ниту една нивна опција, па дури и најрадикалната, нема да помине во Белорусија. Гласањето завршува, дали сте виделе конфликти, обиди за конфликти, немири, како порано? Не ги видовте? И нема да видите. Знаеме да извлечеме заклучоци од нашите претходни грешки. Затоа, немаат на што да се надеваат, рече Лукашенко.

Тој додаде дека никаде во светот нема толку отворени и фер избори како во Белорусија и истакна дека мнозинството Белоруси им веруваат на властите.

Лукашенко е на чело на Белорусија од 1994 година.

Во Белорусија се одржуваат избори за пратеници на Долниот дом на парламентот и локалните совети.

Можете да прочитате

Русија на Велигден изврши 46 воздушни напади и 900 гранатирања врз Украина

Енормни покачувања на чоколадото и чоколадните јајца во Германија

Нетанјаху: Хамас досега ослободи 196 заложници, 24 заложници се уште се живи