Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ИДФ соопшти дека заробиле борци на Хамас кои се криеле меѓу цивили во Газа

Idf 2.webp.webp
Img 7972

Израелските војници заробиле голем број борци на Хамас во Кан Јунис во јужниот дел на Газа додека се обидувале да избегаат од градот криејќи се меѓу цивили, соопштија денеска израелските одбранбени сили (ИДФ).

Во операциите во текот на ноќта, други вооружени мажи беа убиени во областа и беше пронајдено оружје, соопштија ИДФ.

Со израелски воздушен напад беше елиминирана и ќелија на Хамас што подготвуваше напад со беспилотни летала, се вели во соопштението, пренесува ДПА.

ИДФ, исто така, извршиле голема операција во делот Ал Зајтун на градот Газа, пронаоѓајќи складиште за оружје и уништувајќи место за лансирање ракети, според извештајот кој не може да се потврди.

Палестински извори известија за голем број цивилни жртви во последните операции на ИДФ. Државната палестинска новинска агенција Вафа објави дека три лица загинале во бомбашки напад на станбен блок во Сабра во градот Газа. Десетици други, вклучувајќи жени и деца, загинале во артилериски и воздушни напади на ИДФ во Кан Јунис и во градот Газа, јави Вафа. Овие извештаи, исто така, не можат независно да бидат проверени

Можете да прочитате

Градоначалничка со часови мачена во подрум – шокантни детали за нападот на политичарката

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа