Утрински Весник
Спорт

Арсенал останува во чекор со Ливерпул и Манчестер сити

Screenshot 2024 02 24 230440.png

И Арсенал без проблеми стаса до нов триумф во 26. коло од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција, победувајќи го убедливо Њукасл со 4:1. „Топчиите“ остануваат во чекор со Ливерпул и Манчестер сити во неизвесната трка за титулата. Арсенал сега имаат вкупно 58 бода и е на третото место на табелата, но со само со еден бод помалку од Манчестер сити и два од лидерот Ливерпул. На „Емирати“, домаќините поведоа во 18 минута со автоголот на Свен Ботман, а шест минути подоцна Каи Хаверц зголеми на 2:0 и го најави победникот од оваа пресметка кој само беше потврден со уште два погодока во второто полувреме. Букајо Сака погоди за 3:0 во 65 минута, а дефанзивецот Јакуб Кивиор зголеми на 4:0. До крајот на средбата, Њукасл во 84 минута преку Џо Вилок постигна само почесен погодок.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024