Утрински Весник
Свет

Хамас најавува експлозија на гнев ако Израел не ги пушти муслиманите во џамијата Ал Акса за време на Рамазан

Thumbs b c 987a548e8e043b84d563198cb344cac3 1.jpg

Палестинската милитантна група Хамас издаде предупредување до Израел дека ќе има експлозија на гнев доколку на муслиманите им биде забранет пристапот до џамијата Ал Акса во Ерусалим за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој трае од 11 март до 9 април. -Нашиот непријател нека чуе дека нашите души вријат. Нашиот гнев е моментален, а експлозијата ќе се случи доколку има некакви забрани за муслиманите да влезат во Ал Акса за време на Рамазан, се вели во соопштението на Хамас, пренесе „Џерусалим пост“. Минатата недела, весник од Ерусалим, цитирајќи неименувани извори, објави дека посетата на Палестинците од Западниот Брег на Ридот на храмовите ќе биде забранета за лица постари од 60 и под 10 години. Се разгледуваат и можни ограничувања за израелските муслимани. Јавниот сервис КАН неколку пати објави дека се разгледува забрана за пристап до Ридот на храмовите за израелските Арапи помлади од 40 години.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија лансираше 2.100 дронови за една недела

Русите го нападнаа украинско-полскиот граничен премин

СДСМ: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите