Утрински Весник
Свет

Институциите на ЕУ осветлени во боите на знамето на Украина  

Ghc66kow0aazffk.jpg

По повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе згради во Брисел, вклучително и институциите на ЕУ, минатата ноќ беа осветлени во боите на украинското знаме.

– ЕУ ја потврдува непоколебливата поддршка за Украина со се што е потребно, со цел таа да победи во оваа војна и да се врати мирот, порача Европската служба за надворешни работи во објава на Икс.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, пак, порача дека ЕУ е на страната на украинскиот народ од „трагичното утро што ја промени историјата на Европа“, но нема повторно да ја промени картата на Украина по пат на сила.

Руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари 2022 година, започнувајќи ја најголемата воена офанзива во Европа по Втората светска војна, што резултираше со најмалку 10.000 цивилни и стотици илјади воени жртви, 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 6,3 милиони украински бегалци во други земји.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме