Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нобоа: Владата на Еквадор се откажа од планот за размена на оружје со САД

20240224101715 big 730x400 83.webp.webp
300x250 opst2

Владата на Еквадор се откажува од планот за размена на застарено советско оружје за ново оружје од Соединетите Американски Држави, изјави претседателот Даниел Нобоа, откако дознал дека старото оружје треба да се испрати во Украина.

Нобоа, кој се обидува да се справи со влошената безбедност во неговата земја и назначи 22 криминални банди за терористички групи, во јануари изјави дека Вашингтон ќе обезбеди на Еквадор ново оружје во вредност од 200 милиони долари во замена за непотребно вооружување.

„На наше изненадување, САД јавно објавија дека ќе го користат (оружјето) за вооружениот конфликт во Украина, во кој не сакаме да бидеме вклучени, ниту пак сакаме да испраќаме оружје“, рече Нобоа во интервју за Си Ен Ен.

 Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, која ја нападна Украина пред две години, ја критикуваше размената на оружје на почетокот на овој месец.

„Русија е наш трет најголем трговски партнер и во конкретниот случај ние ќе бевме дел од триаголна размена на оружје и нема да го направиме тоа“, рече Нобоа, без да наведе детали.

Неколку високи американски функционери го посетија Еквадор во последните недели за да разговараат за безбедносната соработка. 

Можете да прочитате

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир

Европратениците ги отфрлија иницијативите за недоверба на Европската комисија

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа