Утрински Весник
Свет

„Лекари без граници“: Петгодишни деца во Газа ни кажуваат дека сакаат да умрат

20240223103750 Big 730x400 85.webp.webp

Генералниот секретар на меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“, Кристофер Локјер пред Советот за безбедност на Обединетите нации рече дека медицинските тимови во Појасот Газа додале нова кратенка во нивниот вокабулар: WCNSF – Повредено дете, нема преживеани родители.

„Децата кои ја преживуваат оваа војна нема да носат само видливи рани од трауматски повреди, туку и тие невидливите. Постојано се раселени, постојано се во страв, а членовите на нивните семејства буквално се распарчуваат пред нивните очи. Поради овие психолошки трауми, децата на петгодишна возраст ни кажуваат дека повеќе би сакале да бидат мртви“, изјави Локјер, пред 15-члениот Совет за безбедност.

Тој остро ги критикуваше САД, велејќи дека е згрозен што тие постојано го користеле правото на вето за да го спречат Советот да бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинските милитанти на Хамас во Газа.

„На луѓето во Газа им треба прекин на огнот, не кога тоа е изводливо, туку сега. Ним им треба одржлив прекин на огнот, а не привремено затишје“, рече Локјер.

САД досега ставија вето на три резолуции на Советот за безбедност на ОН, а последното вето во вторникот го блокираше барањето за итен хуманитарен прекин на огнот и наместо тоа се залагаше Советот да повика на привремен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците кои ги држеше Хамас.

Можете да прочитате

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет