Утрински Весник
Свет

Кремљ: Со изјавите за Путин, Бајден ги брука САД

1708444633 Moskva.jpg

Кремљ денеска соопшти дека Џо Бајден ги поткопува САД со своите изјави против рускиот претседател Владимир Путин, кого го нарече „луд кучкин син“, додавајќи дека последната изјава на Бајден е лош обид да глуми „холивудски каубој“.

„Ги имаме лудиот к….н син Владимир Путин и другите, и секогаш мораме да се грижиме дека може да избие нуклеарна војна, но егзистенцијалната закана за човештвото е климата, рече американскиот претседател Џо Бајден во Сан Франциско, каде што собира донации за неговата кампања.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков возврати дека „употребата на таков јазик од страна на американскиот претседател против друг шеф на држава тешко дека ќе му наштети на нашиот претседател“.

-Но, таквиот говор го деградира оној што го користи, рече тој.

Песков понатаму сугерира дека Бајден се обидел да го глуми „холивудскиот каубој“, но дека, искрено кажано, тој не мисли дека тоа е можно.

-Дали Путин некогаш изговорил барем еден груб збор во своето обраќање? Тоа никогаш не се случило. Ваквиот речник само ја поткопува Америка, рече Песков и додаде дека зборовите на Бајден се вистински срам за САД.

Но, поранешниот руски претседател од 2008 до 2012 година, Димитриј Медведев, еднаш рече дека егзистенцијалната закана за светот доаѓа од „бескорисните старци како Бајден“. Тој, исто така, кажа дека Бајден е „сенилен“ и „подготвен да започне војна со Русија“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денсака изјави дека следниот пат кога Бајден ќе ја употреби фразата „луд кучкин син“, треба да запомни дека Американците ја поврзуваат фразата со неговиот потомок, Хантер Бајден.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме