Утрински Весник
Балкан
Img 7972

Грчките земјоделци најавија нова блокада на граничниот премин Евзони кон Северна Македонија

Grchkite zemjodelci.jpg
Img 7972

Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија од 20 до 22 часот по локално, односно од 19 до 21 часот по македонско време, најавија грчките земјоделци од северниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот граничен премин и вчера и завчера периодично беше затворен во вечерните часови, а според информациите од Грција, земјоделците со нивните активности и блокади ќе продолжат до понеделник 26 февруари.

Можете да прочитате

Фатен наркобосот „Дон Вито“ екстрадиран во Турција од Обединетите Арапски Емирати

За 10 години од Косово заминале над 360.000 граѓани

Хрватска се понуди да ја купи Нафтената индустрија на Србија