Утрински Весник
Балкан

Во Белград прогласена епидемија на мали сипаници

20240222170903 Big 730x400 69.webp.webp

Во Белград е пријавена епидемија на мали сипаници, потврдија за медиумите во Градскиот завод за јавно здравје.

Од 6 февруари кога беше пријавен првиот случај на мали сипаници до денеска во Белград се потврдени 11 случаи на мали сипаници.

Епидемиолозите и лекарите наведуваат дека најголем број заболени се или невакцинирани или со непознат статус на вакцинација.

Вакцината против морбили, ММР вакцината, децата ја примаат на возраст од 12-15 месеци и пред да тргнат на училиште.

Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ до сите здравствени установи во Србија достави предлог мерки за построг надзор.

Од Градскиот институт за јавно здравје потенцираат дека вакцинацијата е единствената ефикасна превентивна мерка која води до создавање цврст и долготрајен имунитет.

Сепак, предупредуваат дека е потребно 95 отсто од децата да се вакцинираат за да стекнат колективен имунитет со што би се спречило појавувањето на нови случаи.

Во Србија годинава се регистрирани 13 случаи на морбили.

Во 2023 година во Србија се регистрирани 50 случаи на мали сипаници, од кои повеќето (94 отсто) биле невакцинирани

Можете да прочитате

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер

Почина Драган Марковиќ Палма – 24info.mk