Утрински Весник
Магазин

(ВИДЕО) Вака сега изгледа пустинската Долина на смртта во САД

Gglnd5rbcaar5e3.jpg

Во Калифорнија последниве недели врнеше силен дожд поради што во Долината на смртта, најсувата област во САД се формираше привремено езеро. Минатиот месец Калифорнија паднаа рекордни количества дожд, а невремето не го заобиколи ни националниот парк Долината на смртта, кој се наоѓа долж границата Калифорнија и Невада.

Наврна толку многу дожд во областа што басенот Бадвотер, вообичаено сува и солена рамнина, привремено се претвори во плитко езеро. Оваа природна депресија се наоѓа на 86 метри под нивото на морето и е најниската надморска височина во Северна Америка, пишува New Scientist.

На тоа место, пред неколку десетици илјади години, имало езеро кое научниците го нарекле Менли. Оваа потоната област во последните децении во неколку наврати се полни со вода. Во текот на август 2023 година, врнежите поврзани со ураганот Хилари формираа езеро долго 11,3 километри и длабоко 0,6 метри, кое потоа се намали во следните неколку месеци.

Езерото долго речиси 10 километри и длабоко околу 0,3 метри сега повторно се формирало во сливот. Минатата година Националниот парк Долината на смртта беше затворен неколку недели по ураганот Хилари бидејќи поплавите ги оштетија патиштата.

Овојпат паркот беше отворен, а туристите се собраа да го видат новосоздаденото езеро Менли. Некои од нив дури и пливаа во ова „природно чудо“ или се возеа со кајаци.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста