Утрински Весник
Македонија

Битиќи – Смит: Обединетото Кралство и С. Македонија имаат одлични економски односи и голем потенцијал за развој

22022024 Bitikji Smit Sredba 2 Scaled.jpg

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит.

На средбата од страна на соговорниците беа нагласени одличните економски врски што постојат помеѓу двете држави, што се препознава и преку неодамна пројавениот интерес на две компании од Обединетото Кралство да реализираат стратешки проекти во Северна Македонија. Вицепремиерот Битиќи ја информираше заменик-амбасадорката Смит за законските постапки околу реализацијата на стратешки инвестиции, притоа посочувајќи дека едната од овие две инвестиции е влезена во собраниска процедура, а другата е во процес на одлучување.  На средбата се спомена и најголемата компанија во земјава по приходи „Џонсон Мети”, чие позитивно искуство може да послужи и како пример за други компании од Обединетото Кралство да ја препознаат Северна Македонија како место за проширување на своите деловни активности.

Беше подвлечена и важноста од продолжување на унапредување на одличните политички односи помеѓу двете земји, притоа посочувајќи на взаемни придобивки кои произлегуваат од нив. Двете страни ја истакнаа и потребата од континуирана соработка и дијалог за да се одговори на заедничките гео-политички предизвици и да се искористат можностите што се појавуваат. Во овој контекст, стана збор и за претстојниот самит на ЕБРД, кој на почетокот на наредната недела ќе се одржи во Лондон, а каде ќе учествува и вицепремиерот Битиќи.

Дополнително, стана збор за значењето на регионалната економска соработка во рамките на Западен Балкан, при што од соговорниците беше оценето дека тоа претставува израз на посветеност за поттикнување на поблиски врски помеѓу државите од регионот, промовирање на стабилност и просперитет на патот кон членство во Европската Унија.

Вицепремиерот Битиќи и заменик-амбасадорката Смит изразија оптимизам за идната траекторија на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за понатамошно продлабочување на соработката во различни сфери.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош