Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ потврдува,Гордана Силјановска-Давкова е нивниот претседателски кандидат

Gordana Siljanovska Davkova.jpg

Професорката и актуелна пратеничка во Собранието Гордана Силјановска Давкова е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, соопштија од партијата.

Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес.

На истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати. За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на РМ која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

Можете да прочитате

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведени три лица

СДСМ: Владата позајмува 7 милиони евра од Македонска навигација – уште еден доказ дека касата е празна

Левица: Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси” од црната листа на УНЕСКО