Утрински Весник
Свет

Израелците нападнаа конвој на ОН со хуманитарна помош

Gaza 3.webp.webp

Израелските сили таргетираа конвој на Обединетите нации што превезуваше витални резерви на храна во центарот на Газа, пред да ги блокираат камионите да напредуваат кон северниот дел на територијата каде што Палестинците се на работ на глад, според документите на ОН до кои дојде Си-Ен-Ен.

Си-Ен-Ен виде преписка меѓу ОН и израелската војска која покажува дека рутите на конвојот биле договорени од двете страни пред нападот. Според внатрешниот извештај за инцидентот составен од УНРВА, главната хуманитарна агенција на ОН во Газа, камионот бил еден од 10-те во конвојот што бил на местото на задржување кога било пукано врз него.

Никој во конвојот не беше повреден, но голем дел од неговата содржина – главно пченично брашно кое очајно беше потребно за печење леб – беше уништено.

Главниот предизвик со кој се соочуваат хуманитарните работници е испораката на храна за повеќе од два милиони луѓе во Газа, од кои речиси 85 отсто се внатрешно раселени поради петмесечното бомбардирање на Израел.

„Погоден е конвој кој превезувал храна, кој се движел кон северните делови на Појасот Газа. Еден од камионите што ги превезуваше залихите беше погоден од оган на израелската морнарица“, изјави за Си-Ен-Ен Џулиет Тума, глобална директорка за комуникации на УНРВА.

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари