Утрински Весник
Свет

Судот во Салехард соопшти дека следниот месец ќе одлучува дали телото на Навални ќе биде предадено на неговата мајка

20240221113620 Big 730x400 98.webp.webp

Судот во рускиот град Салехард соопшти дека на 4 март, зад затворени врати, ќе одлучува по барањето на Људмила Навалнаја (69), мајка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, да и биде предадено телото на нејзиниот син, кој почина во затвор во петокот на 16 февруари.

Људмила Навалнаја од саботата се обидува да го пронајде телото за кое тврди дека не знае каде е. Таа апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да и го предаде телото, за да може достоинствено да го погреба својот син.

„Веќе петти ден не можам да го видам. Не сакаат да ми го предадат неговото тело. Не ми кажуваат ни каде е. Решението за овој проблем зависи исклучиво од вас. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да ми биде предадено, за да можам да го погребам како човек“, рече Људмила Навалнаја во видео пораката до Путин.

Руските власти тврдат дека причината за смртта на Навални останува непозната и одбиваат да го предадат телото во следните две недели, бидејќи се спроведува истрага. 

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме