Утрински Весник
Свет

Кина: САД даде зелено светло да продолжи масакрот во Газа

O 1805123 1024.jpg

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот во Газа, јавува денеска Би-би-си.

Пекинг објави дека потегот на САД испратил „погрешна порака“ и дал „зелено светло за продолжување на масакрот“.

Вчера САД ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен прекин на огнот во Газа.

Тоа е третпат САД да стават вето на телото од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас.

Предлогот за резолуција, со кој се бара итно воведување хуманитарен прекин на огнот што треба да го почитуваат сите страни, доби 13 гласа, додека еден беше против, а еден воздржан – Велика Британија.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме