Утрински Весник
Свет

ОН бара истрага: Израелците можеби силувале жени и девојчиња во Газа

1708440486 Gaza 4.jpg

Обединетите нации повикаа на истрага за да се истражат „наводите за кршење на човековите права“ против жените и девојчињата во Газа и на Западниот Брег. Обвиненијата се однесуваат на израелски војници.

Обвиненијата вклучуваат дела како што се убиства, произволно притворање, понижувачко постапување, силување и сексуално вознемирување. Извештајот вчера го објави Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН. Извештајот не детализираше како се собрани податоците, но се однесуваше на фотографии од заробеници во понижувачки околности, наводно направени и објавени на интернет од израелски војници.

Израелските одбранбени сили ги негираат обвинувањата и тврдат дека се придржуваат до меѓународното право. „Без прецизни детали или докази за поединечни случаи, не е можно длабински да се истражат овие наводи“, изјавија од ИДФ за Си-Ен-Ен.

Мисијата на Израел во ОН во Женева, исто така, ги негира обвинувањата, кои ги нарече „одвратни тврдења без покритие“. Тие рекоа дека израелските власти не добиле никакви поплаки и рекоа дека „Израел е подготвен да ги истражи сите конкретни наводи за кршење на дисциплината меѓу неговите безбедносни сили, доколку им бидат презентирани веродостојни докази“.

Официјални лица во највисокото независно тело на ОН за проверка на фактите за човекови права изразија загриженост за третманот на палестинските жени по нападот на 7 октомври.

„Многу Палестинки и девојчиња се третирани нехумано и понижувачки. Не им се дава храна, лекови или менструални влошки. Ги тепаат“, напишаа тие во извештајот. „Имаме информации дека во барем еден случај Палестинките во Газа биле држени во кафез на дожд без храна.

Претставници на ОН рекоа дека добиле извештаи за повеќе случаи на сексуално вознемирување на жени и девојчиња, што вклучувало соблекување и претресување од страна на израелски војници. Имаме информации дека најмалку две жени биле силувани, додека на други им се заканувале силување“, пишуваат во извештајот.

Израел одговори на извештајот на ОН обвинувајќи ги ОН дека „молчат за сексуалното насилство што Хамас го спроведува од 7 октомври“.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре