Утрински Весник
Свет

Во авионот на „Свис ера“ откриен куфер со радиоактивен материјал, изолирани работници и патници

Download 15.jpg

Куфер со радиоактивен материјал со „низок интензитет“ е откриен во авион на „Свис ер“ по слетувањето во Барселона, додека патниците биле во него.

Авионот што летал од Цирих за Барселона утринава слетал на аеродромот Ел Прат, југозападно од главниот град, јавуваат британските медиуми.

Во соопштението на социјалните мрежи, силите за цивилна одбрана во областа соопштија дека активирале „планови за вонредни состојби како одговор на предупредување за инцидент со пакет со ниско ниво на радиоактивен материјал транспортиран со авиони“.

Извори за весникот на Барселона „Национал“ изјавиле дека пет работници „превентивно“ биле префрлени во медицинскиот центар.

Изолирани се и неколку патници.

Можете да прочитате

Како вештачката интелигенција би можела да го загрози човештвото? Пет сценарија што ги разгледуваат научниците

Полска и Литванија подготвуваат план за евакуација на жителите на балтичките земји

Двоен руски напад врз дата центар во Киев