Утрински Весник
Скопје

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от што го донесе општина Ѓорче Петров

Pic 3464.jpg

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ја доби мнозинската поддршка од 15 советници од Карпош, според која тој и стручните служби на Општината ќе поведат постапка пред Уставен Суд, за оспорување на предметниот ДУП СЗ 16 кој неодамна го донесе Општина Ѓорче Петров. Имено, мнозинството советници гласаа позитивно за Предлог – Мислењето кое беше доставено пред нив на денешната вонредна 43. седница, кое воедно претставува и акт на противење на начинот и процедурата со кои е донесена оваа планската документација на Општина Ѓорче Петров.

Поточно, станува збор за плански опфат кој граничи со општина Карпош на потегот кај населбата Влае, во чија околина се планира изградба на три хемиски фабрики, кои би биле лоцирани во непосредна близина на бунарското подрачје Лепенец – Вардар. По проценките на стручните лица, отпадните води од тие хемиски капацитети ќе завршат на територија на општина Карпош, што претставува закана по здравјето на населението кое живее во тој реон. Според Деталниот план на Општина Ѓорче Петров се предвидува и изградба на триесетина објекти за колективно домување (од 5 до 21 кат) во близина на населбата Влае, кои дополнитело ќе ги загрози интересите на карпошани и сериозно ќе го доведе во прашање квалитетот на нивниот живот.        

Можете да прочитате

Интензивно се поставува фекална канализација во Кадино

На протестот поради јавниот превоз во Скопје се приклучуваат и средношколците

Герасимовски: Вандализмот да се казнува преку општествено корисна работа