Утрински Весник
Македонија

Додека трае молкот за претседателските избори продолжува кампањата за парламентарните избори

Picture 1117 660x487 1.jpg

Додека трае молкот за претседателски избори продолжува кампањата за парламентарните избори, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски прецизирајќи како што кажа една своја неодамнешна изјава.

-Би сакал да кажам во врска со една моја изјава, сакам да прецизирам, со оглед дека се поклопуваат кампањите за претседателски и за парламентарни избори, законот е јасен дека има предизборен молк за претседателски избори на 22 април и трае до 24 април.

Нема да се поклопи со другиот молк (за парламентарни избори). Да не должиме да нема забуни.

Сметам дека ова е доволно објаснување затоа што претходно во изјавата не кажав датуми за ништо и тоа би било нешто што е предвидено и во законот и во роковникот, рече на денешната седница на ДИК Даштевски.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а кампањата почнува на 4 април и трае до 22 април кога почнува молкот за претседателските избори, додека парламентарните избори се на 8 мај, кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.

За време на молкот за претседателските избори ќе се одвива изборната комапања за претседателските избори.

Можете да прочитате

ДУИ: Срамна одлука на ДИК за намалување на бројот на советници

Викендов времето ќе биде многу посвежо, повремено ќе дува засилен северен ветер!

Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас