Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Рејтинзите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на изборите

1708428667 Hristi an Mickoski 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

„Бројките на анкетите се такви какви што се, јавноста ги знае, ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори коишто ќе се случат за нешто помалку од или би рекол нешто повеќе од 2 месеци, некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг претседателски избори”, рече претседателот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија.

Тој продолжи и додаде дека бројките на мерењата на јавното мислење односно анкетите укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит.„ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори кој ќе се случат за нешто повеќе од 2 месеци. Некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг на претседателски избори”, кажа Мицкоски.Запрашан за последните бројки сооднос ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ, претседателот Мицкоски истакна дека огромна е разликата и таа е повеќе од 2:1 и таа ќе биде уште поголема односно 2,5 спрема 1.

„Сега во моментов од последните февруарски анкети, јас многу како човек и инвестирам и им посветувам внимание на тие бројки бидејќи вие мора да имате некаква навигација какви политики треба да водите покрај тоа што го слушате гласот на народот. Тој глас на народот е практично прикажат преку тие бројки не мерењата на јавното мислење и од тие бројки се гледа дека едно огромно мнозинство 3 / 4  од луѓето се незадоволни од квалитетот на животот и мислат дека Македонија се движи во погрешна насока и дека треба да има промени. Бројот на граѓаните кои се задоволни е едноцифрен број, скромно едноцифрен број на задоволни”, потенцираше Мицкоски.

Можете да прочитате

Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит

Притвор за 34-годишник од струмичко, се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна девојка

Тешто повредена малолетничка, ја удрил тротинет, а возачот побегнал