- Општа и луда тепачка се случи на натпреварот од колеџ лигата помеѓу Тексас и Инкарнит Вард.
Тексас победи со 76:72 по продолжение, а немилите настани започнаа по завршувањето на натпреварот.
Се започна кога играчите на двата тима тргнаа да се поздрават на крајот од натпреварот, а ракувањето прерасна во сериозна тепачка, во која се вмешаа играчите и тренерите на двата тима.
Нејасно е што точно ја иницирало тепачката.
Поради се се огласи и конференцијата Солутхланд во која играат овие екипи.
„Свесни сме за ситуацијата што се случи на крајот од натпреварот. Ќе соработуваме тесно со двата универзитета за да ја прегледаме снимката и да изречеме дисциплински мерки. Неспортското однесување е недозволиво“, изјавија од оваа конференција.