Утрински Весник
Македонија

НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО И ПОНАТАМУ: За време на викендот длабок циклон ни носи промена на времето, врнежи и засилен јужен ветер!

Meanslp Anom 20240220 00 066 660x330 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

До петок времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Само до крајот на денешниот ден ќе има повеќе облачност, а ќе има и појава на слаб локален дожд, на повисоките планини ќе провејува снег.

За време на викендот кај нас, но и пошироко во регионот ќе имаме поголема промена на времето, односно ќе бидеме под влијание на длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа. Овој циклонски систем кај нас ќе донесе врнежи од дожд, снег на повисоките планини, како и засилен јужен ветер.

Повеќе детали околу оваа промена ќе имаме во следните метео објави.

Во Скопје овие денови ќе имаме слично време како и во останатите делови од Македонија.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу или малку над нулата, само понекаде температурата ќе се спушта за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие повремено ќе надминуваат и 15 степени, што значи ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете