Утрински Весник
Свет

Дожд, град и грмотевици во Калифорнија, 11.000 луѓе останаа без струја

20240220083928 big 730x400 13.webp.webp

Невреме со дожд, град и грмотевици остави без електрична енергија околу 11.000 луѓе во сојузната американска држава Калифорнија.

Метеоролозите најавија дека може да се очекува торнадо, но тоа не се случи и поради таа причина нема значителна материјална штета.

Повеќе од 11.000 потрошувачи останаа без струја поради налетите на силниот ветер, објавено е на официјалната веб-страница на калифорниската електрична мрежа.

Според локалните служби, невремето предивикало поплавување на некои патишта, соборени дрвја, а аеродромот во Санта Барбара беше привремено затворен.

„Националната метеоролошка служба во Сакраменто издаде предупредување за торнадо за делови од округот Плумас и округот Бат во северна Калифорнија, но освен силен дожд, повремен град и грмотевици, нема торнада“, потврди метеорологот Џефри Вуд.

Можете да прочитате

ЕУ нема да биде членка на Одборот за мир на Трамп

Претреси во Франција како дел од истрагата за врската меѓу поранешниот министер Жак Ланг и покојниот Епстин

Швеѓанец обвинет дека ја принудувал сопругата на секс со 120 мажи