Утрински Весник
Македонија

Реакција од МТСП: Oд 2017 година до денес на територијата на цела држава изградени се 83 градинки

Gradinka 2.jpg

– Со факти и бројки сакаме да ја информираме јавноста и да ги демантираме шпекулациите и популизмот кој произлегува од изјавата на техничкиот министер за ТВ Сител, во делот на состојбата со просторни услови и вработувањата во детските градинки.

На територијата на цела држава  од 2017 година до денес изградени се 83 градинки. 

Во општина Аеродром во изминатиот период отворени се три нови објекти со што се обезбедени 550 нови места за упис на деца во градинките.

На територијата на општина Битола во изминатите години отворен е нов објект за 40 нови деца, додека во моментот во завршна фаза е изградба на два нови објекти со вкупен опфат на 229 нови деца, кои ќе бидат отворени во текот на 2024 година.  

Воедно информираме дека од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени се вкупно 2881 лице. 

Од нив во Општина Аеродром се вработени 103 лица, додека во Општина Битола вкупно 112 лица. 

Овие бројки зборуваат за вистинската грижа и во делот на просторните услови и во делот на кадри кои работат во градинките.

Дополнително на ова во Декември 2023 година, Владата додели 4 милиони евра за изградба на нови градинки во општините  Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош.

Го потсетуваме техничниот министер кој беше дел од владеењето на  ДПМНЕ до 2016та дека доколку и тие беа вака посветени на детската заштита, денес ќе зборувавме за градинка во секое населени место.

Можете да прочитате

Членови на Независниот синдикат за здравство бараат смена на претседателот Бојчевски

Македонските граѓани ќе патуваат без виза во Кина

Министерството за култура и туризам го објави конкурсот за Град на културата за 2025 година