Утрински Весник
Свет

Јулија Навални: Путин го уби мојот сопруг

Julij Navalni.png

Руската опозициска активистка Јулија Навални денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за убиство на нејзиниот сопруг, рускиот политичар Алексеј Навални, додавајќи дека таа ќе продолжи со работата на својот сопруг и дека сака да изгради слободна Русија.

„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија“, рече Навални во видео обраќањето објавено на Јутјуб.

Таа изјави дека ќе работи во корист на граѓаните на Русија за да се бори против Кремљ и да создаде „нова Русија“.

„Со убиството на Алексеј, Путин уби половина од мене – половина од моето срце и половина од мојата душа. Но, сè уште ја имам другата половина што ми кажува дека немам право да се откажам“, рече Навални.

Таа додаде дека наскоро ќе ја информира јавноста зошто „Путин го убил Алексеј пред три дена“.
„Дефинитивно ќе откриеме кој точно и како го извршил ова злосторство. Ќе ги објавиме нивните имиња и ќе им ги покажеме лицата“, рече Навални.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во петокот на 16 февруари, соопшти Федералната поправна служба на Русија за областа Јамало-Ненец, додавајќи дека Навални се чувствувал лошо по утринската прошетка и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран.

Навални одлежа 30-годишна затворска казна за, како што е наведено во пресудата, основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности и беше познат како остар критичар на Кремљ.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30