Утрински Весник
Македонија

Каевски: МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога

Screenshot 2024 02 19 121739.png

Скандалот во кој обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепаше полицаец, отвори многу прашања, посочи денеска Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

-Освен што со тепањето го покажа вистинското, криминално лице на ВМРО-МВРО, јавноста треба да знае зошто обезбедувањето на Мицкоски седи пред вратите на кафе бар навечер? МВР и техничкиот министер за внатрешни работи од ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да одговори: Која била улогата на обезбедувањето на Мицкоски? Дали неговата задача била да спречи акција против дилери на дрога? Дали тие дилери на дрога се поврзани со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ и на кој начин?“, вели Каевски. Како што вели, граѓаните ги очекуваат одговорите. „Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност. Овој скандал кој води директно со белата палата мора да биде расчистен целосно“, завршува Каевски.

Можете да прочитате

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Одрон и на патот Скопје – Велес: Сообраќајот кај првиот тунел се одвива по една лента

СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, независната кандидатка за јавен обвинител